dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на Годишната програма за работа на ДЗР

18.11.2024

На ден 18.11.2024 година, Државниот завод за ревизија организираше работилница на тема „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на Годишната програма за работа на ДЗР за 2025 година", поддржана од Вестминстер Фондацијата за Демократија во државата (WFD).

Вклучувањето на граѓанските организации и медиумите во процесот на ревизија преку давање на предлози за вршење на ревизија во Годишната програма за работа на ДЗР за 2025 година, овозможува зголемување на транспарентноста, отчетноста и влијае на подобрување на управувањето со јавните средства и услугите кон граѓаните.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски истакна дека е од големо значење ефективниот дијалог и соработката со сите засегнати страни, изразувајќи задоволство од интересот за нивно активно учество и инклузивност во работата на ДЗР потенцирајќи дека барањата од засегнатите страни секако заслужуваат внимание и ќе бидат земени во предвид при подготвувањето на Годишната програма за работа на ДЗР за 2025 година.

Раководителот на ревизија г-ѓа Елена Догазанска преку презентација ги запозна медиумите и граѓанските организации за начинот на подготвување на Годишната програма на ДЗР согласно интерните упатства, како и за начинот на кој истите можат да поднесат барање за вршење на ревизија за што навремено се информирани.

Претставниците од граѓанските организации и медиумите кои земаа активно учество на денешната работилница, ја поздравија иницијативата на Државниот завод за ревизија за проактивниот пристап и отвореноста во соработката и комуникацијата и притоа дадоа свои предлози и согледувања за теми или области кои би можеле да бидат предмет на интерес на Врховната ревизорска институција.