dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Државниот завод за ревизија и Центарот за извонредност во финансии ќе соработуваат во повеќе области

12.11.2024

Денес, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заедно со своите соработници на работна средба беа домаќини на г-ѓа Јана Репаншек, директор на Центарот за извонредност во финансии (CEF) Словенија и нејзините соработници, г-ѓа Наташа Илијева Ацевска и Вехид Фетич, виши офицери во областа на екосистеми за лидерство и учење.

Во духот на придобивките од размената и управувањето со знаењето, беше и денешната работна средба со цел продлабочување на веќе воспоставената соработка меѓу двете институции.  

Државниот завод за ревизија, во соработка со ЦЕФ, ќе даде свој придонес во континуирана едукација и развој на капацитетите на службениците на јавните институции, особено во однос на развој на капацитети на човечките ресурси во однос на Зелената агенда, како и развој на вештините на младите лидери.

Во наредниот период ќе се интензивира соработката преку зголемено учество на вработените на ДЗР, како активни учесници во обуките организирани од ЦЕФ, но и како експерти кои ќе ги споделат нивните знаења и најдобри практики во одредени области.