dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Главниот државен ревизор одржа работна средба со министерот за образование и наука

24.09.2024

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски оствари работна средба со министерот за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

На одржаната работна средба соговорниците дискутираа за клучните утврдени состојби во конечните ревизорски извештаи кои се однесуваат на одливот на високообразован и стручен кадар  од државата и за условите во кои функционираат студентските домови и развојот на студентскиот стандард, во насока на  спроведување и постапување по препораките на Државниот завод за ревизија.

Министерот за образование и наука го истакна значењето и улогата на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во државата, при што потенцираше дека државната ревизија претставува клучен инструмент за подобрување на ефективноста и ефикасноста на користењето на јавните средства во институциите.