dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Успешна ресертификација на системот за менаџмент со квалитет ISO 9001:2015

03.07.2024

Успешна ресертификација на системот за менаџмент со квалитет ISO 9001:2015

Државниот завод за ревизија успешно го заврши процесот на ресертификација на системот за менаџмент со квалитет ISO 9001:2015 и доби нов сертификат валиден до мај 2027 година.

Процесот на ресертификација беше обемен и вклучуваше проверка на сите организациони единици на ДЗР, од секторите и одделенијата за ревизии до единиците за административна поддршка на ревизијата и вклучуваше голем број вработени од сите категории и нивоа.

Ресертификацијата на системот за менаџмент со квалитет ISO 9001:2015 претставува исклучително значајна алатка за постојана оценка и подобрување на внатрешните процеси и процедури, со што се овозможува Државниот завод за ревизија да ги извршува своите надлежности согласно закон.

ISO сертификат