dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соопштенија и вести

14.03.2024
Државниот завод за ревизија во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, беше домаќин на страничен настан на тема: „Врховните ревизорски институции како двигатели за зголемување на отчетноста кон финансирање на родовата еднаквост“
13.03.2024
Рентабилноста и континуитетот на ЈКП Стандард е доведена во прашање поради поголемиот број на утврдени неправилности во работење и високиот процент на нефактурирана потрошена вода од 81%
07.03.2024
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Судот за ревизија на Република Словенија г-ѓа Јана Ахчин изразија задоволство од досегашната успешна соработка помеѓу двете институции
05.03.2024
Поради одредени слабости во структурата на управување, процедурите, административните капацитети, комуникацијата и информирањето, финансирањето и системот за мониторинг, институциите и органите на Република Северна Македонија делумно се подготвени за спроведување на Целите на одржлив развој до 2030 година
04.03.2024
Претставници од Државниот завод за ревизија учествуваа на кампот (Bootcamp) за родови податоци кој се одржа во Измир, Турција во организација на канцеларијата на UN Women во Република Северна Македонија.
29.02.2024
Во рамки на активностите на Конференцијата, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Сенатот г. Никола Ковачевиќ потпишаа Меморандум за соработка
13.02.2024
За набавка на дел од лековите за цистична фиброза која се врши и преку Програмата за лекување на ретки болести во рамки на министерството, за 2022 година и 2023 година обезбедила средства во вкупен износ од 180.350 илјади денари, односно околу 2.9 милиони евра, кои се доволни само за 15 пациенти од 140 регистрирани пациенти
08.02.2024
И покрај дополнителен заем од 180 милиони долари, пролонгирање на изградбата за 6 години и зголемување на вредноста на договорот за 45%, делницата Кичево -Охрид не е изградена
26.01.2024
Амбасадорот Силвестри, кој за прв пат го посети Државниот завод за ревизија, изрази задоволство што има можност да присуствува во нашата институција
25.01.2024
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми остварија работна средба со Амбасадорот и шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија