dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Вработени

28.06.2023

Вработени

 

Со Државниот завод за ревизија раководи Главен државен ревизор. Главниот државен ревизор има заменик. Нив ги избира и разрешува Собранието на Република Македонија и се независни во вршењето на своите задачи. Главниот државен ревизор од редот на раководните вработени назначува Генерален секретар за извршување на задачите и должностите согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

Државната ревизија ја извршуваат 110 вработени, овластени државни ревизори, државни ревизори и вработени за административна поддршка.

Вработените се организирани во 13/тринаесет/сектори од кои  9 се директно вклучени во процесот на ревизијата (сектори за ревизија) и покриваат различни области од јавниот сектор, 1/еден/ сектор за унапредување на ревизијата и следење на меѓународните стандарди , 1 /еден/ сектор за поддршка на главниот државен ревизор и 2/два/ сектори за административна поддршка, односно сектор за правни и општи работи, јавни набавки и сектор за финансиски прашања. Во рамки на организацијата функционираат и 2 /две/ одделенија, и тоа одделение за човечки ресурси и одделение за внатрешна ревизија.

Ревизијата ја вршат 100  државни ревизори од кои 61 поседуваат уверение за овластен државен ревизор. Од вкупниот број на вработени 99% се со универзитетско образование од областа на економските и правните науки, информатичката технологија и други области, а во континуитет се зголемува и процентот на вработените кои се стекнале со академски степен на магистер.