dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Амбасадорот на Италија во нашата држава го посети Државниот завод за ревизија

26.01.2024

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми со своите соработници, остварија работна средба со Амбасадорот на Италија во нашата држава, Н.Е. г. Андреа Силвестри и Заменик раководителот на мисија г. Марио Де Роса.

На работната средба, Главниот државен ревизор изразувајќи благодарност за пријателскиот однос и соработката помеѓу двете држави, го запозна Амбасадорот на Италија во нашата држава со активностите и резултатите на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во земјата. Притоа, го информираше дека ДЗР веќе воспостави комуникација и соработка со Судот за сметки во Италија, која во наредниот период ќе биде и формализирана.

Амбасадорот Силвестри, кој за прв пат го посети Државниот завод за ревизија, изрази задоволство што има можност да присуствува во нашата институција, особено имајќи ја предвид значајноста на ДЗР и остварените резултати како додадена вредност во општеството.