dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работилница за постапувањето по конечните ревизорски извештаи

18.01.2024

На ден 18.01.2024 година, вработените од Државниот завод за ревизија и Кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење, одржаа работилница на тема „Подобрување на начините за најдобро користење на податоците и препораките содржани во конечните ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија“.

Во своите воведни обраќања, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска, изразија задоволство од успешната комуникација и соработка помеѓу двете институции, потенцирајќи ги заложбите за создавање на квалитетно контролно опкружување и ефикасен систем за постапување по наодите и препораките содржани извештаите.

Истовремено констатираа дека во системот за превенција и борба против корупција потребно е да се врши промовирање на позитивна пракса на успешно работење во јавниот сектор вклучувајќи ја потребата од сеопфатна поддршка од надлежните органи и засегнати страни.

Покрај претставниците од двете институции, на работилницата учествуваа и г-ѓа Беса Арифи, професор по казнено право и претставник на ГРЕКО во државата и г-ѓа Снежана Лупевска, истражувачки новинар и ТВ продуцент.