dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со претставниците на Центарот за извонредност во финансии

17.01.2024

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски заедно со неговите соработници на работна средба беа домаќини на г-ѓа Јана Репаншек, директор на Центарот за извонредност во финансии (CEF) Словенија и нејзините соработници, г-ѓа Наташа Илијева Ацевска, виш офицер во областа на  екосистеми за лидерство и учење и г-ѓа Александра Текијашки, виш офицер во областа за програма и прибирање средства.

Во духот на придобивките од размената и управувањето со знаењето, беше и денешната работна средба со цел продлабочување на веќе воспоставената плодна и трајна соработка меѓу двете институции.

Моќта на ефективното управување со знаењето и аспирациите на Државниот завод за ревизија, со поддршка на ЦЕФ, преку лидерски вештини да стане организација за учење, ќе даде свој придонес кон континуирана едукација и развој на капацитетите на службениците на јавните институции, особено во областа на управувањето со јавните финансии, со цел зголемување на ефикасноста, економичноста и ефективноста на користењето на јавните средства и создавање на ефикасно контролно опкружување, беше фокусот на денешната работна средба.

Во наредниот период ќе се интензивира соработката преку зголемено учество на вработените на ДЗР, како активни учесници во обуките организирани од ЦЕФ, исто така и како експерти кои ќе ги споделат нивните знаења и најдобри практики во одредени области.