dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Презентирани резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија

12.01.2024

Во организација на Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска беа  презентирани резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија.

На настанот претседателка г-ѓа Слаѓана Тасева ги презентираше резултатите од Националниот систем на интегритет, истакнувајќи ги најслабо и најдобро оценети столбови, потенцирајќи дека македонскиот систем на национален интегритет продолжува да се карактеризира со доминација на извршната власт и слабости на другите клучни институции.

Помеѓу најдобро оценети столбови според извештајот на Транспаренси Интернешнл - Македонија се Државниот завод за ревизија и Државна комисија за спречување на корупција.

По тој повод излагање имаше и Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски кој пред присутните изрази задоволство што раководи со институција во која работат вработени со висок степен на професионализам, одговорност и интегритет.

Презентирајќи ги методолошките акти за превенција од корупцијата, политиката за интегритет, како и останати документи и акти кои ги потврдуваат резултатите и транспарентноста на Државниот завод за ревизија, уште еднаш ја потенцираше неопходноста во нашата држава конечно да се препознаат и пофалат успешните приказни во системот за превенција и борба против корупцијата, а Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција ќе настојува со максимални заложби да придонесува преку утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи кон создавање на квалитетно и ефикасно контролно опкружување.

На настанот присуствуваа бројни претставници од надлежните институции задолжени за превенција и борба против корупцијата, на дипломатскиот кор, граѓанските организации и медиумите.