Државниот завод за ревизија слави 26 години постоење како правен субјект и 24 години акумулирано и пренесено знаење и искуство, континуирана посветеност и напорна работа
Во пресрет на Меѓународниот ден за борба против корупција (9 декември), на покана на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), на 6, 7 декември Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски учествуваше како панелист на „Отворениот форум за антикорупција“
На работната средба, Главниот државен ревизор го потпиша Меморандумот за разбирање помеѓу Државниот завод за ревизија и Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајaкнување на жените – UN Women
Денес се одржа работилница на тема: „Продлабочување на соработката помеѓу ДЗР и Јавното Обвинителство на Република Северна Македонија со фокус на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
Фокус на дводневната работилница е процесот на спроведување на ревизија на успешност – Вредност за парите, чија цел е независна ревизија заснована на докази
Работилницата за обучувачи која ја спроведоа г-ѓа Фиона Феитбрејн и г-ѓа Лилјана Цветаноска, обучувачи при ЦИПФА, има за цел да ги зголеми вештините и знаењата на вработените од ДЗР како идни обучувачи и предавачи во натамошните активности
Целта на потпишаниот Меморандум за разбирање е преку заедничка соработка помеѓу ДЗР, ВФД и Британската Амбасада да се имплементираат активности во насока на поддршка на Државниот завод за ревизија
Фокусот на работилницата беше изготвување на Годишна програма за работа на Државниот завод за ревизија опфаќајќи ги и поставените цели на Националната развојна стратегија