dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

2 - Нула глад

2.1 До 2030 година да се стави крај на гладувањето и да се обезбеди пристап на сите луѓе до доволни количини безбедна и здрава храна, особено за сиромашните и ранливите категории лица, вклучително и за бебињата во текот на целата година

2.2 До 2030 година да се стави крај на сите форми на неисхранетост, а до 2025 година да се постигнат меѓународно договорените цели за спречување на заостанувањето во телесниот развој кај деца до 5-годишна возраст, како и да се решаваат потребите за исхрана на девојките адолесценти, бремените жени, доилките и постарите лица

2.3 До 2030 година двојно да се зголемат земјоделското производство и приходите на малите производители на храна, особено на жените, домородните народи, земјоделските семејства, сточарите и рибарите, преку безбеден и еднаков пристап до земјиште, други продуктивни ресурси и суровини, знаење, финансиски услуги, пазари и можности за зголемување на вредноста и други неземјоделски облици на вработување

2.4 До 2030 година да се обезбедат одржливи системи за производство на храна и да се спроведат отпорни земјоделски практики кои ги зголемуваат продуктивноста и производството, помагаат да се одржат екосистемите, да се зајакне капацитетот за адаптација кон климатските промени, екстремните временски услови, сушите, поплавите и другите природни катастрофи, како и да се осигури постепено облагородување на земјиштето и на квалитетот на почвите

2.5 До 2020 година да се одржи генетската разновидност на семињата, на култивираните растенија, како и на одгледуваните домашни животни и нивните сродни диви видови, преку соодветно управување со банките за чување разновидни семиња и растенија на национално, регионално и меѓународно ниво, како и со промовирање пристап до фер и рамноправна распределба на придобивките што произлегуваат од користењето на генетските ресурси и придружните традиционални знаења што се меѓународно договорени

2.а Да се зголемат инвестициите, меѓу другото и преку засилена меѓународна соработка во руралната инфраструктура и во земјоделските истражувања и услугите за помош на земјоделците, технолошкиот развој и подобрување на банките за растителен и за добиточен генетски материјал, со цел да се зголеми капацитетот за земјоделско производство во земјите во развој, а особено во најмалку развиените земји

2.б Да се поправат и да се спречат какви било трговски рестрикции и искривувања на светскиот земјоделски пазар, меѓу другото и преку паралелно елиминирање на сите форми на извозни земјоделски субвенции и други извозни мерки со ист ефект, во согласност со мандатот на Развојната агенда од Доха

2.в Да се усвојат мерки за обезбедување правилно функционирање на пазарот на храна и нејзините деривати, како и да се олесни навремениот пристап до информации за пазарот, вклучително и за резервите на храна, со цел да се спречи екстремната нестабилност на цените за храна

 

повеќе
23.12.2022

Ефикасност во процесот на спречување и третирање на ризици од природни непогоди(мулти)

03.07.2013