dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Успешната соработка со Државната ревизорска институција на Република Србија продолжува со активности за нова кооперативна ревизија

29.03.2024

Во периодот 28, 29 март, делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски престојува во Белград, на билатерална работна средба во Државната ревизорска институција на Република Србија.

На билатералната работна средба, претставниците од двете институции ги презентираа резултатите и клучните утврдени состојби од извршената кооперативна ревизија на успешност на тема „Подготвеност на Република Северна Македонија и Република Србија за спроведување на целите за одржлив развој до 2030 година“.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, изразувајќи благодарност за гостопримството на домаќините, го потенцираше задоволството од квалитетот на поединечните конечни ревизорски извештаи и заедничкиот збирен извештај, притоа  потсетувајќи дека единствено преку отворена и искрена соработка и размена на знаења и искуства на ревизорските тимови од двете држави, може да се дојде до посакуваниот успех како додадена вредност од работата на Врховните ревизорски институции во општеството.

Успешната соработка помеѓу двете институции ќе продолжи и во следниот период преку реализирање на уште една кооперативна ревизија на успешност на тема „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“ за време на која ќе соработуваат овластените државни ревизори од Државниот завод за ревизија и Државната ревизорска институција на Република Србија.

Активностите во рамки на кооперативните ревизии во областа на следењето на имплементацијата на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации, како и заедничките настани помеѓу двете институции се реализираат со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).