dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Размена на знаења од областа на ревизијата и корупцијата

20.10.2023

На покана и во организација на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (ЦИПФА) и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), од 09 до 13 октомври 2023 година, делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Заменик главниот државен ревизор, м-р Орхан Адеми, беше во студиска посета во Лондон, Обединетото Кралство на Велика Британија.

Во фокусот на студиската посета беше учество на серија од настани поврзани со управување на ризици од корупција, стратешко планирање и ревизорски практики, трендови на податоци од јавниот сектор, машинско учење, визуелизација на податоци, одговорност, соопштување на технички информации, ангажман на граѓаните, како и размена на меѓусебни знаења, обука и промоција на добри практики во доменот на управувањето со јавните финансии.

Заменик главниот државен ревизор, г. Адеми оствари средба со меѓународниот директор на ЦИПФА, г. Кхалид Хамид, во која и двајцата претставници го истакнаа задоволството од досегашната соработката помеѓу двете институции, нагласувајќи го значењето на континуирана соработка во активности од взаемен интерес, со цел унапредување на заедничката заложба за добро управување со јавните финансии и добро владеење, како и споделување на најдобри практики за подобрување на вештините и капацитетите на јавните институции и службеници.

Делегацијата на ДЗР во рамките на студиската посета, оствари и средба со Главниот ревизор на Врховната ревизорска институција на Велс, г. Адријан Кромптон. На средбата се опфатија повеќе теми и се споделија искуства во делот на иновативни алатки за анализа на податоци, користење на социјалните медиуми и начинот на спроведување на повеќе видови на ревизија.

Претставниците на двете Врховни ревизорски институции изразија подготвеност за интензивирање на идна заедничка соработка со цел професионален развој на капацитетите на двете институции и размена на искуства и добри практики.

Оваа студиска посета, беше финансиски подржана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID).