dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба на тема вршење родова ревизија на успешност

05.10.2023

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми остварија работна средба со Заменик регионалниот директор на UN Women за Европа и Централна Азија г-ѓа Елиса Фернандез Саенз,  Раководителот на Канцеларијата на UN Women во државата, г-ѓа Весна Ивановиќ Кастаред и  Националната координаторка на програмата за родово одговорно буџетирање на UN Women во Република Северна Македонија, г-ѓа Ивона Пауновиќ Бишевац.

Главниот државен ревизор презентирајќи ги резултатите од работењето на Државниот завод за ревизија се осврна и на успешната приказна помеѓу ДЗР и Un Women истакнувајќи го уверувањето дека со поддршката на Un Women и вклучувањето на родовата перспектива во извршувањето на ревизиите, ДЗР настојува да обезбеди видливост на политиките кои треба да придонесат за остварување и имплементација на Целите за одржлив развој, особено на Целта број 5 – Родова еднаквост.

Државниот завод за ревизија претставува сериозен и кредибилен партнер на Un Women во промовирањето на родовата ревизија и вклучување на родовите аспекти во главните политики и веќе успешно ја реализираше првата родова ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките на Владата на Република Северна Македонија за родова еднаквост и соодветни родови буџетски иницијативи“.

Со Годишната програма за работа за 2023 година, ДЗР врши ревизија на успешност на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“, како координатор на кооперативната ревизија заедно со Врховните ревизорски институции на Република Косово и Република Албанија.