dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Билатерална средба со ВРИ Република Србија

29.09.2023

Во организација и со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 28 и 29 септември, во Охрид, се одржа Билатерална средба на Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Србија.

Претставниците од двете Врховни ревизорски институции предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Државната ревизорска институција г. Душко Пејовиќ, презентираа за резултатите од фазата на извршување на кооперативната ревизија на успешност на тема „Подготвеност на Република Северна Македонија и Република Србија за спроведување на целите за одржлив развој до 2030 година“.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски го истакна задоволството од успешната соработка помеѓу двете ревизорски институции притоа поздравувајќи ги досега преземените активности и постигнати резултатите во спроведувањето на кооперативната ревизијата во фазата на извршување.

Притоа, Главните државни ревизори на двете институции изразија подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката и во иднина на теми коишто заеднички ќе се дефинираат во следниот период.