dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Главниот државен ревизор на средба со амбасадорот на ОБСЕ

20.06.2023

Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, оствари средба со Амбасадорот  Килијан Вал, Шеф на мисијата на ОБСЕ во земјава.

Главниот државен ревизор, г. Ацевски на средбата ја истакна потребата од воспоставување на одржлива комуникација и воедно зајакнување на соработката со ОБСЕ како најпроминентна меѓународна организација, чија цел е мониторинг и следење на исполнувањето на приоритетите во развојот на демократијата, особено во областа на човековите слободи и право, изборното законодавство, зајакнување на политичкиот плурализам, борбата против корупцијата, како и подобрување на законодавството.

Амбасадорот истакна дека ОБСЕ редовно ги проучува ревизорските извештаи на ДЗР во насока на утврдување на фактичката состојба со институционалниот капацитет и системските слабости во областите кои се приоритет за мониторирање од страна на ОБСЕ.

Токму постигнатите резултати на ДЗР во делот на реализираните ревизии, утврдени состојби, дадени препораки, комуницирање со јавноста/ транспарентноста во работењето, се причините заради кои ОБСЕ позитивно ќе одговори на предлозите и формите за соработка кои ДЗР ќе ги поднесе, а кои пред се ќе бидат насочени во областа на финансирање на политичките партии, изборното законодавство, борбата против корупцијата, соработката со Јавното обвинителство и другите надлежни органи кои се надлежни да постапуваат по утврдените состојби од страна ДЗР а постои сомнеж за несоодветно користење на јавните средства.

Заблагодарувајќи се на срдечниот прием, отворените разговори и взаемните активности кои ќе бидат реализирани во иднина, Главниот државен ревизор побара поддршка од страна на ОБСЕ во процесот на донесување на новиот Закон за државна ревизија и утврдување на ДЗР како Врховна ревизорска институција во Уставот на нашата држава.