dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Ревизија на финансиски извештаи на пресметковна основа

03.12.2021
Слика
Ревизија на финансиски извештаи на пресметковна основа

Во периодот 30 ноември – 3 декември, вкупно 90 ревизори од Државниот завод за ревизија земаа активно учество на обука на тема „Ревизија на финансиски извештаи на пресметковна основа“, која се реализира во рамки на проектот „Поддршка на реформите во јавните финансии“, финансиран од Министерството за Финансии на Република Словачка.

Предавачи на обуката се професорот Атанаско Атанасовски од Економскиот факултет - катедра за сметководство и ревизија и експертите од Република Словачка, Луциа Кашиарова од Министерството за финансии и Матуш Јуричков од Комората на ревизори.

Во текот на работните сесии беа опфатени повеќе тематски области и тоа:

  • финансиски извештаи на пресметковна основа и ревизија на финансиските извештаи на пресметковна основа, 
  • извештај за парични текови, ревизорски докази, фаза на планирање и
  • проценка на ризик, внатрешни контроли и фази на проверки и известување.

Обуката се реализира со цел зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија во вршењето на ревизија на финансиски извештаи на пресметковна основа, во насока на успешно спроведување на Реформската програма за управување со јавните финансии преку промовирање на транспарентност, отчетност, фискална дисциплина и ефикасност во управувањето и користењето на јавните средства.