Засадени дрвца од децата на ревизорите

Пет, 03.01.2020 - 16:34
Image
Засадени дрвца од децата на ревизорите

Традиционалното предновогодишно дружење на децата на вработените во Државниот завод за ревизија годинава беше збогатено со садење на дрвца од нивна страна, акција која се изведе во координација со Јавното претпријатие паркови и зеленило, при што годинава беа засадени и дрвца од самите деца.

Акцијата се реализираше во околината на зградата каде е сместен ДЗР, а со помош од вработените во Јавното претпријатие паркови и зеленило.

На новогодишната еко-акција на Државниот завод за ревизија, покрај децата и нивните родители,  присуствуваше и Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, како и другите вработени  во ДЗР кои дадоа свој придонес во засадувањето на младите дрвца.

Секако, тука беше и неизбежниот Дедо Мраз кој по завршувањето на акцијата за засадување дрвца им подари новогодишни пакетчиња на децата и ги забавуваше со планираните новогодишни активности.