dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Максим Ацевски едногласно избран за нов главен државен ревизор

19.12.2019
Слика
Maksim Acevski

Со 81 глас „за“ пратениците во македонскиот парламент го избраа м-р Максим Ацевски за нов Главен државен ревизор што беше поздравено со аплауз во собраниската сала, а потоа Ацевски даде свечена заклетва пред пратениците.

Магистерот Максим Ацевски, долгогодишниот Овластен државен државен ревизор и Помошник главен државен ревизор, зад кој стојат 18 години работа во Државниот завод за ревизија, е избран за нов Главен државен ревизор. На пленарната седница на собранието со 81 глас „за“ Максим Ацевски беше избран при што изборот беше проследен со аплауз од пратениците.

По изборот од говорница м-р Максим Ацевски даде свечена заклетва пред пратениците, се заблагодари на укажаната доверба и потенцира дека му е чест што е избран на оваа функција, дека ќе работи согласно законите и дека нема да ја изневери укажаната доверба.

Новиот главен државен ревизор е дипломиран економист на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје. Роден е во Велес каде ја почнува и својата професионална кариера во областа на финансиите. Во Државниот завод за ревизија работи од 2001 година.