dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Наод 11-13/1 (4.1.2.)

02.10.2019
Тип
Вид на ревизија
Ревизија на регуларност
Архива бр.
11-13/1
Реден бр.
4.1.2.
Ознаки
Годишна програма
2018

Во Законот за јавна внатрешна финансиска контрола е определен начинот на дизајнирање, воспоставување и функционирање на интерните контроли. Со извршениот увид во презентираната сметководствена и друга документација, донесените интерни акти поврзани со процесот на безготовинското и готовинското плаќање,утврдeни се следните состојби кај: Процес на безготовинско плаќање:

 

  • не е донесен  План за воспоставување на финансиско управување и контрола и Методологија за спроведување на истиот од страна на раководителот на Секторот за финансиски прашања. Во текот на ревизијата одговорното лице на субјектот донело Решение за формирање на работа група задолжена за изготвување на горенаведените документи;
  • не секогаш се врши еx-ante финансиска контрола и не се спроведува еx-post финансиска контрола со верификација со потпис на целокупната документација, како доказ дека истата е спроведена.

Ваквиот вид контрола особено е важен за документацијата поврзана со исплатата на средствата за државна помош и документацијата со која се признаваат исплатените аванси на име надоместоци за економските промотори. Земајќи ја предвид специфичноста на државната помош  и сложеноста на спроведување на постапката на вршење прием, разгледување и одлучување во однос на барањата за исплата на државна помош, важно е да се истакне дека надлежното Одделение за спроведување на постапка за доделување на државна помош и контрола на договорите при Секторот за услуги на инвеститори и државна помош, не е целосно екипирано. Имено во наведениот сектор после 11.08.2017 година не е пополнето работното место раководител, а во одделението за вршење контрола од предвидените 5 работни места пополнети се три 3, од кои раководител на одделение и двајца помлади соработници и кај:

Процес на готовинско плаќање:

  • не е донесена пишана процедура за уредување на благајничкото работење;
  • не е воспоставена сегрегација на надлежностите и одговорностите во постапката на вршење евиденција во деловните книги, од причини што внесувањето на податоците во дневникот на благајната и нивната сметководствена евиденција се врши од страна на ист вработен;  
  • електронското водење на дневникот на девизната благајна генерира податоци за износи изразени во денарска противвредност, но не и износи во соодветна валута. Во дневникот на девизната благајна рачно се внесуваат износите во  странска валута, но само на крајното салдо, што има влијание на отежнато вршење на контрола на податоците искажани во истиот; 
  • дел од патните налози за службени патувања во странство не содржат: извештај од реализираното службено патување, потпис од лицето кое патувало и потписи од сите лица кои вршат одобрување и контрола (благајник, ликвидатор, раководител на сметководство).

Во прилог на забелешките доставена е Процедура за наменско рационално и одобрено трошење на готови пари.