dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Наод 11-13/1 (4.1.1.)

01.09.2019
Тип
Вид на ревизија
Ревизија на регуларност
Архива бр.
11-13/1
Реден бр.
4.1.1.
Ознаки
Годишна програма
2018

Во Агенцијата изработени се 29 процедури кои го уредуваат начинот на спроведување на надлежностите на вработените во секторите и независните одделенија согласно Правилниците за организација и систематизација од 2014 година. Од нив 26 процедури се изработени со носител на набавка на консултански услуги за имплементација на стандардот ISO 9001:2008. Останатите 3 (три) процедури се однесуваат на Секторот за финансиски прашања и се донесени во 2013 год, а нивна измена и дополна е извршена во 2017 година помеѓу која е и Процедурата за работниот процес на управување со финансиски документи.Процедурите се усвоени во март 2016 год.без усогласување на работните задачи на вработените надлежни за нивно спроведување со одредбите од Правилниците за организација и систематизација донесени во јуни 2015 година, изменети и дополнети во 2016 година.

Не е пристапено кон продолжување на отпочнатата активност за имплементација на стандардот за квалитет бидејќи за донесените процедури агенцијата не се стекнала со Сертификат за систем за управување со квалитет.Во ГП за јавни набавки за 2015 и 2017 год.оваа активност е планирана но не е спроведена.

Агенцијата на ден 25.09.2018 година, поднела пријава за јавниот повик објавен од страна на МИОА за имплементација на стандарди за менаџмент на квалитет во администрацијата односно имплементација на Заедничка рамка за проценка (Common Assessment Framework - ЦАФ модел).

Во прилог на забелешките доставена е Одлука за избор на институции, помеѓу кои е и АСИПИРМ, на кои ќе се обезбеди поддршка во имплементацијата на ЦАФ моделот.