Вработени

Со Државниот завод за ревизија раководи главен државен ревизор. Главниот државен ревизор има заменик. Нив ги избира и разрешува Собранието на Република Македонија и се независни во вршењето на своите задачи.

Државната ревизија ја извршуваат 88 вработени, овластени државни ревизори, државни ревизори и вработени за административна поддршка.

Вработените се организирани во 3/три/сектори кои се директно вклучени во процесот на ревизијата (сектори за ревизија) и покриваат различни области од јавниот сектор, 1/еден/ сектор за унапредување на ревизијата и следење на меѓународната пракса за имплементација на меѓународните стандарди, 1 /еден/ сектор за ревизија на информациските системи и 2/два/ сектора за административна поддршка и тоа сектор за правни и општи работи, јавни набавки и односи со јавност и сектор за финансиски прашања. Во рамки на организацијата функционираат и 2 /две/ одделенија за човечки ресурси и внатрешна ревизија.

Ревизијата ја вршат 82 државни ревизори од кои 67 поседуваат уверение за овластен државен ревизор. Од вкупниот број на вработени 99% се со универзитетско образование од областа на економските и правните науки, информатичката технологија и други области, а во континуитет се зголемува и процентот на вработените кои се стекнале со академски степен на магистер.