Локални избори 2021

lokalni 2021

На оваа страна можете да ги најдете сите документи, извештаи, известувања и информации кои Државниот завод за ревизија ќе ги објави а кои ќе произлезат од преземените дејствија согласно надлежностите на Државниот завод за ревизија пропишани со Изборниот законик, вклучително и законски и подзаконски акти кои се однесуваат на изборниот процес и известувањата по истиот, почнувајќи од 6-ти август 2021 година, односно од денот на распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје – локални избори 2021, до денот на завршување на истите вклучително и информации поврзани со пост-изборниот процес кои се однесуваат на државната ревизија.

Согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик,  односно согласно Решението за распишување на Избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје донесено од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија  со број 09-3732/1 од 06.08.2021 година („Службен весник на РСМ“ број 185/2021) локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.