dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Објавен Годишниот извештај за работата на ДЗР за 2019 година

30.06.2020
Слика
Годишен извештај

Државниот завод за ревизија го објави „Годишниот извештај за работењето на ДЗР за 2019 година“. И покрај предизвиците со кои беше соочена институцијата во последниот квартал од 2019 година и состојбата со корона вирусот која започна  во првиот квартал од 2020 година, ДЗР целосно ја реализираше програмата за работа.

Во 2019 година ДЗР изврши вкупно 54 ревизии со  кои беа опфатени 174 субјекти предмет на ревизија. Како резултат на извршените ревизии се издадени вкупно 90 конечни ревизорски извештаи, и тоа: 74 извештаи за ревизија на регуларност, 5 извештаи за извршена ревизија на усогласеност, 6 извештаи од извршена ревизија на успешност, 2 извештаи од follow up ревизија и 3 извештаи за извршена ревизија на специфични елементи, сметки или ставки во финансиските извештаи.

Годишниот извештај за 2019 година содржи  826 утврдени наоди и вкупно 498 препораки. Во текот на ревизиите  беа констатирани  слабости во работењето на субјектите кои биле предмет на ревизија како и во  законската регулатива за кои ДЗР има дадено  мислење и  препораки за подобрување на состојбите.

Со реализираните ревизии во  2019 година е зголемен опфатот на ревидирани расходи во однос на вкупните буџетски средства, а значително се подобрени и показателите за спроведувањето на ревизорските препораки, што укажува дека придонесот на ДЗР во насока на зајакнување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста при трошењето на јавните средства станува се позначаен.

Целосната содржина на Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2019 година (македонска/албанска/англиска верзија) можете да ги преземете од следните линкови