dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Генерален секретар


Александар Поповски

 

Адреса:
Државен завод за ревизија
ул. Павел Шатев бр. 2
Палата „Емануел Чучков“
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
Тел: + 389 2 3211 262

Е-пошта:
[email protected]
 

Александар Поповски

Почнувајќи од 01.03.2021 година, согласно Законот за административни службеници, назначен е за Генерален секретар на Државниот завод за ревизија од страна на Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски.

 

Образование:
Дипломирал во 2001 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Меѓународно јавно право, каде и магистрирал во 2006 година на тема „Примена на принципите на Меѓународното хуманитарно право во процесот на донесување одлуки од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за судење на обвинетите за злосторства сторени на територијата на поранешна СФР Југославија“.

 

Професионално искуство:
Својот професионален ангажман во јавниот сектор го започнува во 2001 година како советник во Агенцијата за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, се до 2003 година, кога преминува во Министерството за економија, каде во периодот од 2004 до 2010 година раководел со сектор за европска интеграција, бил главен и одговорен службеник за усогласување на правната рамка со европското законодавство во областите од надлежност на министерството, а од 2010 година бил распореден за раководител на секторот за правни работи.

Во октомври 2012 година преминува на работно место раководител на секторот за правни и општи работи, јавни набавки и односи со јавност во Државниот завод за ревизија, каде во периодот од јуни 2015 до септември 2019 година ги извршувал работите на Генерален секретар.

Учествувал на многу светски, европски и регионални конференции и семинари од областа на европските интеграции, внатрешен пазар, реформа на бизнис окружувањето, едношалтерски системи и јавни регистри, трговски друштва, сметководство и ревизија, организирани од институциите на јавниот сектор.

19.12.2019