dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Амбасадорот на Република Франција во посета на ДЗР

14.09.2022
Слика
Амбасадорот на Република Франција во посета на ДЗР

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, остварија средба со Амбасадорот на Република Франција, г. Сирил Бомгартнер.

На одржаната средба, Главниот државен ревизор го информираше Амбасадорот на Р. Франција со работењето и постигнатите резултати на Државниот завод за ревизија, и со додадената вредност од извршените ревизии со цел создавање на ефикасно контролно опкружување и заштита на јавните средства.

Амбасадорот на Р. Франција, изразувајќи задоволство од постигнатите резултати на Државниот завод за ревизија истакна дека ќе се заложи за обезбедување на дополнителна поддршка на ДЗР во натамошните активности во вршењето на државната ревизија, вклучувајќи и можна соработка со ВРИ на Република Франција.