dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Известување во интерес на јавноста - демант

06.09.2022
Слика
Известување од интерес за јавноста - демант

Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во државата, препознатлива по принципите на транспарентно, отчетно и објективно информирање на јавноста и сите засегнати страни, чувствува обврска да даде појаснување во однос на дадената изјава од претставник на Државната комисија за спречување на корупцијата за дневникот на МРТ 1 на 05.09.2022 година.

Изнесениот податок, дека цели 13 години Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ е податок кој е неточен и тенденциозен.

Државниот завод за ревизија согласно законските надлежности, човечките и материјалните ресурси со кои располага за вршење на ревизија, секоја година на транспарентен начин ја носи Годишната програма за работа на ДЗР, без пристрасност и ослободена од влијание од законодавната и извршната власти и истата јавно ја објавува на својата веб страница.

Во зависност од видот на ревизијата, на објективен и вистинит начин, Државниот завод за ревизија дава мислење за различни сегменти и области од работата на Владата на РСМ.

Во тој контекст сакаме да ја информираме јавноста за извршените ревизии во кои е опфатена Владата на РСМ и тоа:

  • Служба за општи и заеднички работи на Влада на РМ (СОЗР) – со издадени конечни ревизорски извештаи заведени под број 08-134/9, бр. 08-134/10 и бр. 08-134/11 од 04.11.2010 година;

 7_SOZR_Vlada_Budzetska_smetka_631.pdf (dzr.mk)

  • ИТ ревизија на Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР) – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број  25-208/6 од 07.03.2011 година;

Komentar (dzr.mk)

  • Секретаријат за европски прашања – Влада на РМ – со издадени конечни ревизорски извештаи заведени под број  09-90/5, бр. 09-90/6, бр. 09-90/7, бр. 09-90/8 и бр. 09-90/9 од 24.02.2012 година;

Секретаријат за европски прашања | Државен Завод за Ревизија (dzr.mk)

  • Тематска ревизија на Влада на РМ - интерни контроли – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 10-110/6 од 15.08.2012 година;
  • Ефикасност на извршените услуги на Службата за општи и заеднички работи преку искористување на возниот парк - со издадени конечни ревизорски извештаи заведени под број 10-314/5 од 29.03.2013 година;

Ефикасност на извршените услуги на службата за општи и заеднички работи преку искористување на возниот парк | Државен Завод за Ревизија (dzr.mk)

  • Влада на Република Македонија – Секретаријат за законодавство – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 09-217/2 од 23.02.2015 година;

Komentar (dzr.mk)

  • Основен буџет на РМ – Влада на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања – со издадени конечни ревизорски извештаи заведени под број 09-73/9, бр. 09-73/10 и бр. 09-73/11 од 01.08.2016 година;
  • Ефикасност на искористување на возниот парк на Служба за општи и заеднички работи на Влада на Република Македонија – бр. 10-356/1 од 25.02.2020 година;

Конечен извештај_Follow up revizija_РУ (dzr.mk)

  • Попис на средствата, побарувањата и обврските на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ - со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 13-199/4 од 23.12.2021 година;

Конечен извештај Попис на СОЗР од 08.11. (dzr.mk)

  • Ревизија на усогласеност на тема “Добивање на нефинансиска помош, распределба и користење од страна на институциите во јавниот сектор со цел превенција и заштита од пандемијата предизвикана од корона вирусот  COVID 19“ - со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 17-544/34 од 01.06.2021 година; https://dzr.mk/mk/210713-revizija-na-usoglasenost-2020-dobivane-na-nefinansiska-pomosh-raspredelba-i-koristene-od
  • Ревизија на усогласеност на тема „Доделување на договори за јавни набавки од страна на институциите во јавниот сектор со цел заштита и превенција од пандемијата предизвикана од корона вирусот – COVID 19” - со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 16-560/29 од 07.06.2021 година; https://dzr.mk/mk/210713-revizija-na-usoglasenost-2020-dodeluvane-na-dogovori-za-javni-nabavki-od-strana-na
  • Ревизија на успешност „Економски мерки на Владата на РСМ за справување со кризата од Ковид-19“ – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 11-654/8 од 18.04.2022 година;

 https://dzr.mk/mk/220429-revizija-na-uspeshnost-2021-efektivnost-na-ekonomskite-merki-na-vladata-na-rsm-za-spravuvane

  • Ревизија на успешност „Преземени мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од здравствено- економската криза предизвикана од Ковид-19“ – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 22-910/10 од 30.05.2022 година;

https://dzr.mk/mk/220810-revizija-na-uspeshnost-2021-prezemeni-merki-i-politiki-za-poddrshka-na-vrabotuvaneto-i

 

Исто така информираме дека, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата на РСМ е планирана и ќе биде предмет на ревизија на регуларност за финансиските извештаи за 2021 година.

https://dzr.mk/sites/default/files/2021-12/Godisna_programa_za_rabota_DZR_2022_godina.pdf

На крајот потенцираме дека, Државниот завод за ревизија, применувајќи ги меѓународните ревизорски стандарди во своето работење, континуирано обезбедува квалитетно работење со што го задржува епитетот на независен и професионален партнер со висок интегритет кој истовремено е носител на напредокот во управувањето со јавните средства, отчетноста и транспарентноста во истите.