dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Укажување до учесниците во изборната кампања

05.08.2022
Слика
Изборна кампања 2022

Државниот завод за ревизија им укажува на сите учесници во изборната кампања избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, дека се должни на 11-тиот ден од денот на изборната кампања (10 август, 24:00 часот), да поднесат Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка од член 71, став (1) од Изборниот законик за финансирање на изборната кампања  (член 84-б став (2)).

За таа цел, Државниот завод за ревизија на ден 10 август ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и  електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР [email protected].

Укажуваме дека Извештајот со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања учесникот во изборната кампања е должен да го изготви на образец пропишан од министерот за финансии, односно согласно Правилникот за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/2021 и 218/2021). Составен дел на овој правилник е Упатството за начинот на пополнување на образецот на извештајот.

Политичките субјекти се должни овие извештаи да ги објават на своите веб страници.

За Ваше информирање, наведениот правилник е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти на следниот линк:

 https://dzr.mk/sites/default/files/2021-09/Pravilnik_za_%20izmenuvanje_%20na_Prav_izveshtaj_IK.pdf

Во исто време, за Ваше информирање,  сите извештаи со рокови за нивно поднесување се наведени во глава VII. Финансиски извештаи, во Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори  за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, кој е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, на следниот линк:

https://dzr.mk/sites/default/files/2022-08/Rokovnik_izvrsuvanje_izborni_dejstvija_izbori_gradonacalnik_Mavrovo_Rostuse_Centar_Zupa_2022.pdf

Напоменуваме дека, доколку не се постапи согласно дадените укажувања, Државниот завод за ревизија има надлежност согласно член 177-а став 4 од Изборниот законик да достави предлог до Државната изборна комисија за донесување на Одлука за забрана (суспензија) на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија на учесниците во изборната кампања кои нема да ги испочитуваат одредбите од член 84-б став 2 од Изборниот законик односно нема да ги достават горенаведените извештаи во пропишаниот рок и содржина до Државниот завод за ревизија.

Исто така,  согласно одредбите од член 189 став 4 од наведениот закон пропишана е Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик.