dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Зајакнување на партнерството со УСАИД

27.07.2022
Слика
Зајакнување на партнерството со УСАИД

Главниот државен ревизор Максим Ацевски и неговите соработници беа домаќини на претставници на Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) предводени од директорот на канцеларијата за развој г-ѓа Дон Кармин. 

Презентирајќи ги преземените активности на ДЗР за зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето како и за информациите содржани во Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2021 година, Главниот државен ревизор изрази задоволство и подготвеност да ја зајакне соработката преку проекти кои во својот делокруг опфаќаат активности поврзани со надлежностите на ДЗР кои ја промовираат ревизорската работа и го зголемуваат влијанието на надворешната ревизија за подобрување на управувањето со јавните средства.

Двете страни оценија дека оваа соработка е исклучително важна, а претставниците на USAID дадоа безрезервна поддршка за исполнување на клучните стратешки цели на ДЗР во контекст на заедничкиот фокус за борба против корупцијата, како и за уставната, оперативната и финансиската независност на Државниот завод за ревизија.