dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Годишниот извештај на ДЗР пред Комисијата за финансирање и буџет

26.07.2022
Слика
Годишен извештај ДЗР 2021 година во Собрание

Пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, го презентираше Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2021 година.

Во своето излагање Главниот државен ревизор  ги истакна клучните информации кои се однесуваат на извршените ревизии, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на ДЗР, меѓународната соработка, како и заложбите за зајакнување на соработката помеѓу Собранието и ДЗР.

Како резултат на успешноста на работата на Државниот завод за ревизија покрај другото утврдени се неплатени/помалку уплатени/помалку пресметани надоместоци во Буџетот на државата, кој износ за 2021 година изнесува 1.743.644.000 денари, приближно 28 милиони евра, или 12 годишни буџети на ДЗР.

“Секој вложен денар во ДЗР, ДЗР возвраќа со 12 денари“

Главниот државен ревизор уште еднаш ја потенцираше потребата од вложување и вреднување  на резултатите на човечките ресурси во сите области вклучувајќи ги и овластените/државни ревизори и истакна: 

“Да не дозволиме квалификуваните човечки ресурси да ни заминат од јавниот сектор во услови кога се најпотребни.“

 

Линк до видео од излагањето на Главниот државен ревизор:
https://www.youtube.com/watch?v=YQLk0k3ZTXU&t=2s