dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Интензивирање на соработката помеѓу ДЗР и ЈО

06.07.2022
Слика
Интензивирање на соработката помеѓу ДЗР и ЈО

На одржаната работилница на тема „Зајакнување на соработката и комуникацијата помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, претставници од двете институции дискутираа и разменуваа мислења за тоа како да се зајакне комуникацијата и продлабочи соработката помеѓу ДЗР и Јавното обвинителство.

Во своите воведни обраќања, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија г. Љубомир Јовески, Јавниот  обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје г-ѓа Вилма Русковска и Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје г. Гаврил Бубевски ја потенцираа потребата за воспоставување на ефикасна соработка и комуникација помеѓу двете институции, особено во постапувањето по конечните ревизорски извештаи доставени до Јавното обвинителство на натамошно постапување.

На крајот од дводневната работилница, беа дефинирани заклучоци и тоа во контекст на заеднички заложби за зачестена комуникација, координација и консултација на овластените државни ревизори кои го работеле извештајот со основниот јавен обвинител надлежен да постапува по конкретниот извештајот во кој е констатирана можна злоупотреба и против законско постапување. Истовремено, беше договорено да се зајакне комуникацијата помеѓу ДЗР и ОЈО преку лицата за контакт кои се определени во двете институции.

Работилницата се организираше во рамки на проектните активности на ДЗР со Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата (WFD) и претставува една од заедничките активности дефинирани во Меморандумот за разбирање кој неодамна го потпишаа Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.