dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Јавно говорење и настап на медиуми

28.05.2022
Слика
Јавно говорење и настап на медиуми

Транспарентноста, отчетноста и отвореноста на Државниот завод за ревизија во промовирањето на резултатите од вршењето на државната ревизија, е приоритет на менаџментот и вработените на Врховната ревизорска институција и дефинирана стратешка определба.

Во насока на зајакнување на вештините за јавно говорење и настап на медиуми, вработените од ДЗР учествуваа на работилница за јавно говорење и односи со јавност, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата (WFD), како активност во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на Комуникациската стратегија на ДЗР (2020 – 2023).

Предавач на работилницата беше искусниот новинар Снежана Лупевска Созен, која на дводневното работно дружење со ревизорите ги запозна со најсуштинските предизвици во комуникацијата со медиумите и истражувачките новинари.
Во работните сесии се дискутираше и се разменуваа мислења и искуства за посочени примери на комуникација со медиумите, лажни вести и кризен ПР како алатка за заштита на институцијата од нив, а беа презентирани и практични совети за што поквалитетно јавно говорење и настап на медиуми
.

Менаџментот и ревизорите на Државниот завод за ревизија, имаа можност преку вежба за снимање на изјава, да ги зајакнат и надградат своите вештини за јавно говорење и настап на медиуми со цел што поквалитетно презентирање на ревизорските активности и резултатите од вршењето на државната ревизија со кои се постигнува додадена вредност во општеството.