dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Подобрување на комуникацијата помеѓу ДЗР, ОЈО и ДКСК

04.05.2022
Слика
Тркалезна маса ДЗР, ОЈО и ДКСК

Во организација на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, се одржа тркалезна маса на тема: “Подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу Државниот завод за ревизија, Јавното обвинителство на РСМ и Државната комисија за спречување на корупција“.

На тркалезната маса, на која учествуваа претставници од Државниот завод за ревизија, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција беа презентирани искуствата од остварената взаемната соработка и комуникација помеѓу трите институции, со нагласување на начинот на подобрување на истата и начинот на постапување во понатамошниот период.

Свои обраќања имаа г. Кол Радович – правен советник на амбасадата, г. Љубомир Јовески, Јавен обвинител на РСМ, г-ѓа. Билјана Ивановска, Претседателка на ДКСК и г. Максим Ацевски, Главен државен ревизор.

Главниот државен ревизор г. Максим Ацевски и генералниот секретар г. Александар Поповски, во своите дискусии се осврнаа на ефектите и придобивките од потпишаните меморандуми за соработка со двете институции, како со Јавното обвинителство, така и со ДКСК, и начинот на остварување на таа соработката и размената на информации.

Во богатата дискусија се донесе заклучок  за интензивирање на меѓусебната соработка, организирајќи континуирано заеднички едукативни настани и средби во насока на зголемување на меѓусебното информирање и размена на податоци и информации од заеднички интерес.