dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Споделување на практики и знаења на твининг партнерите

08.04.2022

Делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, престојува на студиска посета во Државниот уред за ревизија, Загреб, Република Хрватска.

Срдечно добредојде на делегацијата на Државниот завод за ревизија им посака Заменик главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија Недиљка Рогошиќ која посака убав и квалитетен престој за време на студиската посета, воедно истакнувајќи ги придобивките од проектните активности во кои двете врховни ревизорски институции ја зајакнуваат својата соработка и своите знаења учејќи едни од други.

За време на работните сесии, ревизорите од двете институции имаа можност да дискутираат и споделуваат практики и знаења на повеќе теми и тоа:

  • Стратешки документи на Државниот завод за ревизија,
  • Транспарентно и објективно известување за резултатите од државната ревизија,
  • Улогата на врховните ревизорски институции во системот за превенција и борба против корупцијата и
  • Достапност на податоци, дата анализа и визуелизација на конечните ревизорски извештаи.

Делегацијата од Државниот завод за ревизија, во организација на домаќините, имаа можност да ја посетат и подрачната канцеларија на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска во Крапина, каде се дискутираше на тема контрола на квалитет и процес на осигурување на квалитет во вршењето на државната ревизија.