dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Поддршка за нацрт Законот за државна ревизија

07.04.2022
Слика
Средба во собранието

Главниот државен ревизор Максим Ацевски, Претседателот и Заменик Претседателот на Националната канцеларија за ревизија на Република Бугарија Цветан Цветков и Тошко Тодоров, остварија средба со Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На средбата се дискутираше за соработката на Собранието со Државниот завод за ревизија, уште еднаш покажувајќи ја поддршката за важната и клучната улога на ДЗР како институција која врши ревизија на сите клучни институции. Во нареден период се очекува и потпишување на Меморандум за соработка меѓу ДЗР и Собранието со што ќе се обезбеди меѓу другото и разгледување на Конечните ревизорски извештаи и преземените мерки по дадените препораки.

Клучниот повод за оваа средба беше успешната соработка на ревизорските институции на Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Хрватска како партнери во рамките на Твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарните надзор“ МК 18 IPA F1 03 20 финансиран од Европската Унија, чиј што најсериозен резултат е изработениот нацрт Закон за државна ревизија, кој е во фаза на разгледување и усвојување од страна на Владата и Собранието.

Претседателот Цветков  се заблагодари на можноста за средба со Претседателот на Собранието како клучен партнер на ревизорските институции, а воедно го искажа своето задоволство за воспоставените професионални, партнерски, но и пријателски односи меѓу двете врховни ревизорски институции, што е одличен пример за тоа како треба да соработуваат институциите на соседни земји.