dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Јавна расправа за драфт верзија на Законот за државната ревизија

14.03.2022
Слика
Јавна расправа за драфт верзија на Законот за државна ревизија

Денес, Државниот завод за ревизија во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер организираше настан/јавна расправа на кој беше презентирана драфт верзијата на Законот за државната ревизија. На настанот присуствуваа и активно учество земаа претставници од Владата и Собранието на РСМ, претставници од државните институции, ЕУ делегацијата во Скопје, професионалните институции, академската заедница, граѓанските организации и вработени од Државниот завод за ревизија.

Во своето воведно обраќање, главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски изразувајќи благодарност до учесниците на настанот истакна дека со драфт верзијата на Законот за државната ревизија ќе се обезбеди финансиска и оперативна независност на врховната ревизорска институција. Притоа, додаде дека очекува предложениот законски текст  да наиде на поддршка од извршната и законодавната власт, како и од претставниците на меѓународната заедница.

На настанот свои обраќања имаа и г. Фрек Јанман, претставник на Делегацијата на ЕУ во земјата, г-ѓа Снежана Калеска Ванчева, претставник на Собранието на РСМ,
м-р Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, д-р Ширет Елези, претставник на Министерството за финансии и г. Дамир Незири, претставник на Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата.

Новата драфт верзија на Законот за државната ревизија беше образложена од заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми и помошник на главниот државен ревизор Добринка Весковска, кои дадоа осврт на клучните придобивки од донесувањето на овој закон.

Во делот за дискусија, учесниците имаа можност да ги изнесат своите коментари, сугестии и забелешки кои ќе бидат разгледани и инкорпорирани во драфт верзијата на Законот за државната ревизија.

Донесувањето на наведениот Закон за државната ревизија ќе обезбеди постапување по дадените препораки од страна на Европската Унија и во исто време ќе обезбеди финансиска и оперативна независност на Државниот завод за ревизија.