dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Студиски посети во Република Хрватска и Република Бугарија

22.02.2022

Во период од 14.02. – 18.02.2022 година, претставници од Државниот завод за ревизија остварија студиски посети во Република Хрватска и Република Бугарија, земји партнери во рамки на Твининг проектот.

Вкупно 9 ревизори од ДЗР, организирани во три тима,  престојуваа во Државниот уред за ревизија на Република Хрватска во Загреб. Цел на остварената студиска посета беше стекнување на компаративни знаења и искуства, кои ќе бидат од корист при извршувањето на три планирани пилот ревизии на успешност согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, на следните теми:

  • ЕУ фондови - Ефективност на спроведување на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017 – 2022 и спроведување на Акцискиот план на Стратегијата, 
  • Користење на водите за наводнување и
  • Ефикасност на политики и мерки за заштита, управување и ревитализација на недвижното културно наследство.

Истовремено, во Република Бугарија, Софија, нашите колеги и колегите од Република Бугарија дискутираа и разменуваа искуства за сите фази во процесот на извршување на ревизиите на усогласеност, ревизиите на финансиските извештаи и ревизијата на политичките партии/изборна кампања. Притоа, ревизорите од двете Врховни ревизорски институции имаа можност да разменат знаења и искуства во  процесот на спроведување на контролата на квалитетот на ревизиите.