dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Делегација на ДЗР на студиска посета во Република Хрватска

15.11.2021

Во рамки на проектните активности на Компонента 2 – „Подобрени административни капацитети и процеси на надворешната ревизија“  од ЕУ-ИПА твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“, делегација од Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, престојуваше во студиска посета на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, во периодот од 08-12 Ноември 2021 година.

Главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, Иван Клешиќ им посака добредојде на претставниците од ДЗР и успешна работа во размената на искуства со колегите од Хрватска.

Во рамките на студиската посета, претставниците на ДЗР се стекнаа со компаративно знаење и искуства во делот на подобрување на организационата структура, капацитетите со човечки ресурси, како и начинот на вреднување на нивната работата. За време на студиската посета помеѓу експертите од двете Врховни ревизорски институции беа споделени практични искуства во делот на  ревизијата на успешност и следењето на препораките дадени во ревизорските извештаи.

Делегација предводена од Главниот државен ревизор оствари средба со неговата екселенција Амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, д-р Милаим Фетаи. На средбата се дискутираше за активностите кои ги презема Државниот завод за ревизија во насока на остварувањето на својата визија и мисија, како и за соработката со Врховната ревизорска институција на Република Хрватска во рамки на  ЕУ-ИПА твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“.