dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Меѓународната фондација за изборни системи на средба во ДЗР

06.02.2020
Слика
Мотив од состанокот на ДЗР и ИФЕС

Во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор Максим Ацевски заедно со своите соработници Цвета Ристовска, помошник главен државен ревизор, Калиопи Петкоска и Билјана Стојановска, самостојни ревизори, одржа средба со претставниците на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) предводени од директорката на канцеларијата на ИФЕС во РСМ, Јоана Козма.

Состанокот имаше за цел да се продискутираат законските можности за обезбедување на поддршка на политичките партии дефинирани во законот за финансирање на политичките партии, како и начинот на остварување на соработка со истражувачките и аналитички центри на политичките партии согласно законот за работа на партиските истражувачки и аналитички центри. Во текот на средбата се разговараше и за можностите за идна соработка меѓу ДЗР и ИФЕС.

Меѓународната фондација за изборни системи преку својата канцеларија во Скопје од 2016 година обезбедува техничка и логистичка поддршка на организации и институции за градење на нивните капацитети. Од минатата година фондацијата во рамките на својот проширен мандат воспостави соработка и со регистрираните истражувачки и аналитички центри на политичките партии во Република Северна Македонија.