Работна средба меѓу Државниот завод за ревизија и Центарот за граѓански комуникации

Пет, 10.01.2020 - 15:04
Image
Работна средба меѓу Државниот завод за ревизија и Центарот за граѓански комуникации

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски одржа работен состанок со претседателот на Центарот за граѓански комуникации, Герман Филков и Програмската директорка, Сабина Факиќ.

На состанокот на кој присуствуваа и други претставници на Државниот завод за ревизија, се дискутираше за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Државниот завод за ревизија и Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) како невладина организација која се залага за демократизација на општеството, за подобро информирање на граѓаните и за транспарентно и одговорно владеење.

Центарот за граѓански комуникации е членка во неформалната мрежа на новинари и претставници на невладини организации за борба против корупцијата, во која сите членки се потписници на Декларацијата за меѓусебна соработка во борбата против корупцијата.

Главниот државен ревизор на состанокот се осврна на дел од планираните цели и активности, како и на предизвици во тековната 2020 година. Притоа, беа најавени  активности меѓу кои и обуката за вработените во Државниот завод за ревизија која е планирана крајот на јануари и на  која преку презентации ќе учествуваат и претставници на Центарот за граѓански комуникации.

Претставниците на Центарот за граѓански комуникации изразија задоволство од иницијативата за воспоставување на соработка. Преку конкретни идеи и предлози изразија желба и подготвеност да соработуваат со Државниот завод за ревизија во креирање и создавање на ефикасен систем за мониторинг на користење на јавните средства.