dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Прв состанок на Главниот државен ревизор со вработените

24.12.2019
Слика
Прв состанок на Главниот државен ревизор со вработените

Подадена рака за успешна соработка

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски го одржа првиот работен состанок со сите вработени во Државниот завод за ревизија. Како личност која дојде на функцијата од редот на вработените, тој им се заблагодари на колегите за досегашната соработка и подаде рака на сите вработени за понатамошно соработување при што рече:

Најголем дел од вас мошне добро ги знаете моите принципи на работа кога е во прашање вршењето државна ревизија. Еден од тие принципи е дека за добар ревизор нема работно време. Во таа насока, ви подавам рака за соработка на сите вас и од самите вас зависи како ќе се развива нашата меѓусебна соработка. Јас, како Главен државен ревизор, со моите советници, со Помошниците на главниот државен ревизор и со другите најблиски соработници нема да можеме да ги оствариме зацртаните цели за успешна работа и за развој на Државниот завод за ревизија без да имаме поддршка од вас ревизорите, директните создавачи на нашиот производ.

Главниот државен ревизор истакна дека пред сите вработени стојат многу обврски и активности за реализирање во идните години, па нагласи:

Ние нема да се занимаваме со историјата на ДЗР и со сето она што поминало и кое останува зад нас. Ќе се залагаме за продолжување на трасирањето на патот на ДЗР кон вистинска професионална ревизорски институција, за развој и просперитет на ревизорската професија. И тука очекувам поддршка од сите вас во реализација на нашата заедничка цел.

На состанокот беше презентирана и новата WEB страница на ДЗР која од 20.12.2019 година е пуштена во употреба www.dzr.mk