dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ

26.11.2019
Слика
pres konferencija

Државниот завод за ревизија (ДЗР) организира прес-конференција која ќе се одржи на ден 28.11.2019 година (четврток), со почеток во 12,00 часот во просториите на ДЗР.

Прес-конференцијата се свикува по повод заглавениот избор на Главен државен ревизор, ситуација со која ДЗР, како Врховна ревизорска институција, е соочена со блокада при извршувањето на законски дадениот мандат – вршење контрола на трошењето на јавните буџетски средства.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат вработените во Државниот завод за ревизија од моментално највисокото хиерархиско ниво, па до најниското, а меѓу кои ќе бидат и претставниците на Основната синдикална организација на ДЗР.

Покрај медиумите, на прес-конференцијата се покануваат и сите невладини организации кои ја следат работата на ДЗР, сите истражувачки новинари кои работеле истражувачки стории базирани на ревизорските извештаи и независните новинари кои функционираат самостојно како Freelancer.

За евентуални прашања пред одржување на прес-конференцијата можете да се обратите на Мијалче Дургутов, ревизор задолжен за информирање и комуникација со јавноста, телефон 070 358 486.