Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Делегација на ВРИ на БиХ во посета на ДЗР

Интензивната меѓународна активност на Државниот завод за ревизија продолжува со посетата на делегација на ВРИ на Босна и Херцеговина предводена од заменик главниот државен ревизор Ранко Крсман. Босанската делегација, која брои осум нејзини претставници, ќе има дводневни  разговори и дискусии со делегацијата на ДЗР која брои 11 членови и која е предводена од заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми.

 

 

Главна тема на интерес на босанската делегација на која ќе дискутираат двете делегации е Електронскиот систем за управување со ревизијата (Audit management system-AMS), неговата практична примена во финансиската ревизија и во ревизијата на успешност. Притоа од страна на ДЗР, преку Power Point презентации, а во контекст на функционирање на AMS системот, ќе биде објаснета ИТ структурата на ДЗР и SAPRI системот на ДЗР  (Software for follow up of recommendations in audit reports).

 

 

 Двете делегации ќе разговараат и на други теми како унапредување на понатамошната меѓусебна соработка и размена на ревизорските искуствата од секојдневното работење.

 

 

Состав на делегацијата на БиХ: Ранко Крсман (заменик главен државен ревизор), Неџат Хајтиќ (раководител на одделение за финансиска ревизија), Славиша Вуковиќ (ИТ ревизор), Муниб Овчина (раководител на сектор за развој, методологија и управување со квалитет), Дервиша Харбаш (ИТ ревизор), Божана Симиќ (раководител на ИТ сектор), Рената Кужиќ (виш ревизор), Милан Милашиновиќ (ревизор).

 

 

Состав на делегацијата на ДЗР: Насер Адеми (ЗГДР), Тања Јаневска (ПГДР), Лилјана Стојанова (ПГДР), Максим Ацевски (ПГДР), Сашо Јаковчевски (помошник раководител на ревизија), Калиопи Петкоска (самостоен ревизор), Владимир Николовски (ИТ ревизор), Горан Попоски (ИТ ревизор), Јулијана Стефановиќ (самостоен ревизор), Добринка Весковска (самостоен ревизор) и Блерта Ганиу (ревизор).  

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 27.02.2018