Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Делегација на ДЗР во посета на Собранието на Република Македонија
Разговори на тема: Твининг проект - соработка меѓу ДЗР и парламентот

Делегација на ДЗР предводена од Насер Адеми, заменик главен државен ревизор, беше во посета на Собранието на Република Македонија при што остварија средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. Посетата и разговорите беа во контекст на агендата која предвидува активности во рамките на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија“, а кои се поврзани со тесната меѓусебна соработка на Врховните ревизорски институции со парламентите на соодветните држави.

 


Во тој контекст, во делегацијата на ДЗР беа и м-р Цвета Ристовска, раководител на компонента 3 која ја третира соработката на ДЗР со парламентот, и м-р Александар Поповски, заменик раководител на „Компонента 3“. Низ разговорот со претседателот на собранието беа координирани активностите предвидени во рамкките на твининг проектот т.е. „Компонента 3“,  а кои активности се поврзани со доаѓање на експерти од Хрватска.

 



Во оваа активност ќе бидат вклучени и парламентарци од различни политички партии кои активно ќе учествуваат во утврдување на наредните активности со единствена цел – унапредување на соработката на Државниот завод за ревизија со парламентот, со дефинирање на начинот и формата за разгледување и дискутирање во собраниските комисии и на парламентарните седници кога се во прашање конечните ревизорски извештаи.

При  оваа посета на делегацијата на ДЗР на парламентот беа присутни и Paulina Stanoeva, програмски менаџер на твининг проектот (претставник на делегацијата на Европската унија во Македонија) и Roumiana Tchoukova, постојан советник на твининг проектот, претставник на Сметната палата на Република Бугарија. стратешки партнер на проектот заедно со Државниот завод на Република Хрватска.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 22.02.2018