Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Прва седница на Советот за управување со јавни финансии
Презентирана „Програмата за реформа на управување со јавните финансии 2018-2022 година“

Со одлука на Владата на Република Македонија донесена на седницата одржана на 06.02.2018 година, а објавена во Службен весник број 28 од 12.02.2018 година, е формиран „Совет  за управување со јавни финансии“. Советот е координативно тело за следење на спроведување на реформите на управувањето со јавните финансии предвидени со програмата која се однесува за периодот 2018 – 2022 година.  Советот го сочинуваат претседател, функција која ја има министерот за финансии, и десет членови меѓу кои е и Главниот државен ревизор.

Неколку денови по формирањето советот ја одржа и својата прва седница (19.02.2018 година) на чиј дневен ред имаше неколку точки, и тоа:

- презентација на „Програмата за реформа на управување со јавните финансии 2018-2022 година“;
- назначување на координатори на приоритети, лидери на мерки и членови на секторската работна група за управување со јавните финансии;
- нацрт-акциски план за спроведување на програмата;
- усвојување на заклучоци;
- разно;

На седницата беа назначени координатори на приоритети, лидери на мерки и членови на секторската група за управување со јавните финансии,  меѓу кои свои претставници има и Државниот завод за ревизија.  

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 20.02.2018