Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Насер Адеми на регионална конференција во Албанија

На покана на главниот државен ревизор на ВРИ на Албанија, Бујар Лескај, заменик главниот државен ревизор Насер Адеми и Халит Рамадани, помлад ревизор, учествуваа на регионалната конференцијата организирана во Албанија. На конференцијата која се одржа во Драч (15.02.2018 присуствуваше и претседателот на Албанија, г-н Илир Мета, а учествуваа претставници на Албанија, Косово, Македонија, Полска, СИГМА, а имаше и од академската заедница и граѓанското општество на домаќинот. 

 



На конференцијата се разговараше за постигнувањата произлезени од партнерството на ВРИ од регионот, начините за интензивирање на билатералната и мултилатералната соработка преку актуелните и идните ревизорски заеднички активности. 

Во таа прилика, свое обраќање пред присутните имаше заменик главниот државен ревизор Насер Адеми кој рече:

- Ми преставува чест и задоволство што повторно сум меѓу вас во Република Албанија и што можам во името на Врховната ревизорска институција од Република Македонија да ви посакам успешна работа.  Стекнувањето на нови знаења од областа на државната ревизија, размената на добри практики помеѓу ВРИ и учењето едни од други, а пред се на ВРИ во регионот, преставуваат потреба од продлабочување на нашата воспоставена соработка за што искажувам огромна благодарност. Нашите активности во голема мера ќе го олеснат процесот на пристапување на нашите држави во семејство на држави во Европската унија.  

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 20.02.2018