Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Томаж Весел во посета на ДЗР

Воспоставената меѓусебна соработка меѓу Државниот завод за ревизија на Република Македонија и Судот на ревизија на Република Словенија која интензивно трае неколку години се зацврстува и продлабочува со новата посета на ДЗР од страна на претседателот на ВРИ на Словенија, Томаж Весел.

 

 

 Имено, првиот човек на Судот на ревизија  на Република Словенија оствари еднодневна работна посета (14 февруари) на Државниот завод за ревизија, при што беше примен и водеше разговори со Насер Адеми, заменик главен државен.


Разговорите се водеа на неколку теми во контекст на понатамошно унапредување на меѓусебната соработка на двете Врховни ревизорски институции, како и за актуелни прашања од областа на надворешната ревизија.

 

 

 Претседателот на Судот на ревизија на Словенија ја искористи посетата на ДЗР и за интерактивно учество на интерната обука на која учествуваат вработените во ДЗР. Притоа, Томаж Весел имаше кратки конструктивни дискусии со Бранислав Гулев, кој беше модератор и презентер на работилницата и со Тања Јаневска и Цвета Ристовска, ПГДР, со кои размени искуства во однос на вршењето ревизии на предизборната кампања на политичките партии во Словенија и за други ревизорски активности. 

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 14.02.2018