Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Твининг проект на ДЗР поддржан од Европската унија
Одржан заеднички состанок на членовите на четирите компоненти

Проектот за понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија, кој е поддржан и финансиран од Европската унија и кој беше официјално отворен на 25 јануари годинава во присуство на претставници од трите партнери – ДЗР, Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, се темели и ќе се спроведува преку четири компоненти. Во таа насока беше одржан заеднички состанок на членовите на четирите компоненти.


 

На состанокот, покрај раководителите на компонентите и нивните заменици, беа присутни и сите членови кои ќе бидат активно вклучени во реализацијата на овој проект, како и проектните лидери на проектот од страна на ДЗР, и тоа Тања Јаневска и Александар Поповски. Состанокот го водеше Насер Адеми, заменик главен државен ревизор кој пред присутните уште еднаш го истакна значењето на овој проект во контекст на  понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР.


Проектниот лидер Тања Јаневска, Помошник на главниот државен ревизор, оперативно низ Power Point презентација ги претстави деталите на четирите компоненти и го објасни оперативниот план според кој ќе оди реализацијата на проектот во наредните 20 месеци. Во таа насока, свои дискусии и размислувања имаа раководителите на компонентите и нивните заменици, а активни во дискусиите беа и присутните членови на четирите компоненти.

На состанокот кој се одржа во просториите на Државниот завод за ревизија беше присутна и госпоѓата Roumiana Tchoukova, постојан советник на твининг проектот од Сметната палата на Република Бугарија, ревизорска институција која заедно со Државниот завод за ревизија на Република Хрватска е твининг партнер во проектот.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 08.02.2018