Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Твининг проект на ДЗР поддржан од Европската унија
Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија

Во просториите на Европската унија во Скопје, во присуство на делегација на ЕУ и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници на трите партнери - ДЗР, Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, на свечен начин беше отворен проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија“.




Поздравни говори кон присутните имаа г-н Никола Бертолини, претставник на делегацијата на ЕУ, г-н Насер Адеми, Заменик главен државен ревизор, г-н Цветан Цветков, претседател на Националниот завод за ревизија на Република Бугарија, 
г-н Иван Калешиќ, главен државен ревизор на Република Хрватска и неговата екселенција Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија.





Главна цел на проектот е понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија и истиот ќе се спроведува преку четири компоненти. Во проектот ќе бидат вклучени група на ревизори и експерти од повеќе Врховни ревизорски институции од Европа и од Европскиот суд на ревизори. Спроведувањето на проектот ќе придонесе кон постигнување на целите и резултатите за подобро користење на јавните средства и за јакнење на соработката со парламентот.

Проектот кој ќе трае 21 месец и кој има проектиран буџет од 1.400.000 евра го претставија тројцата претставници на партнерите и наедно проектни лидери, и тоа:  г-ѓа Вјара Ангелова, НЗР на Република Бугарија, г-ѓа Тања Јаневска, ДЗР на Република Македонија  и г-н Божо Вулетиќ Антиќ, ДЗР на Република Хрватска.





 


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 25.01.2018